Курти најави дека Самоопределување ќе се прошири и во Македонија
Лидерот на движењето самоопределување (ВВ) и доскорешен премиер на Косово Албин Курти најави дека неговата партија наскоро ќе дејствува како политички субјект и во Македонија.
На денешниот собир по повод 21-годишнината од ослободувањето на Косово и 15-годишнината од основањето на ВВ, Курти изјави дека „Самоопределување ги освои срцата“ на сите Албанци во сите албански средини во регионот.
– Ние го имаме нашиот центар во Албанија, а од денеска ја покренуваме иницијативата за основање на Движење самоопределување и во Македонија, порача Курти на крајот од својот говор пред неколку илјади граѓани на собирот на плоштадот „Скендербег“ во центарот на Приштина.
Според доскорешниот косовски премиер, неговата партија „веќе е порасната и проширена на сите албански територии“.
– Самоопределување ќе има и во Албанија, во Македонија, во дијаспората и насекаде. Во Косово набргу ќе има избори и ВВ ќе го добие мнозинството гласови, рече Курти, порачувајќи дека сета власт во Косово ќе ја има неговата партија.
Лидерот на ВВ Курти беше избран за премиер на Косово на 3 февруари годинава, откако неговата партија победи на изборите од 6 октомври, минатата година. На 25 март Собранието на Косово, на иницијатива на неговиот дотогашен коалиционен партнер, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), му изгласа недоверба, додека на 3 мај беше избрана новата влада, предводена од Авдулах Хоти од ЛДК. ВВ ѝ го оспорува легитмитетот на новата влада и бара нови парламентрни избори.
Ново на Сител
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија