Македонија
21. јуни 2020 - 9:09

Повторно се врати коронавирусот во Дебар

Градот Дебар, кој беше прво жариште на почетокот на пандемијата, вчера повторно беа регистрирани рекордни 18 новозаболени со Ковид-19, што претставува најголем број нови случаи од самиот почеток на пандемијата во Македонија.

Најголем број од заразените се млади лица на возраст помеѓу 20-30 години. Причината за повторно појавување на вирусот во Дебар, како што велат властите е непочитувањето на мерките и неносење на лична заштита во кафулињата.

Дебар вкупно има 81 случај на Ковид-19 од кои активни се 29, а починаа 4 лица.