Д-р Беќаровски: Син му на Амди Бајрам вози Масерати, а јас Дачија

Како што е познато, завчера на булеварот „Партизански одреди“ се случила сообраќајна несреќа во која учествуваше и синот на политичарот Амди Бајрам. Во соопштението од МВР стои:
На 21.06.2020 во 22.30 во СВР Скопје, А.И.(20) од Скопје пријавил дека пред сендвичара на бул.Партизански одреди во Скопје, по претходно случена со обраќајна нез года помеѓу „фиат пунто“, кое тој го управувал, патничко моторно возило„опела астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Г.(23) од Куманово и патничко моторно возило„масерати“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.А.(27) од Скопје бил фи зички на пад нат од совозачот во патничко моторно возило„масерати“ Г.Б.(38) од Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
По информацијата дека синот на Амди Бајрам, Габриел, учествувал во споменатиот настан на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, во јавноста со реакција се огласи споменатиот Габриел.
Во својата реакција, тој информира дека бил дел од сообраќајна неср еќа, но дека тој не го возел автомобилот.
Исто така, Бајрам негира дека веднаш по со обраќајката физички се пресм етувал со присутните, туку дека тој самиот бил напа днат.
Изјавувам дека јас не сум го управувал возилото кое било вклучено во сообраќајната незгода, а исто така не сум нап аднал физички „некого од присутните“. За волја на вистината, јас сум оштетениот и бев напа днат од страна на еден од учесниците во сообраќајната не згода – вели Бајрам.
Интересна реакција преку социјалните мрежи имаше докторот Нико Беќаровски кој преку својот профил на Фејсбук напиша:
„АМДИ БАЈРАМ со син му, ЗАЕДНО #поминаа 18 години во училишните клупи. ГЕОРГИ БЕЌАРОВСКИ со син му Нико, #УЧЕА вкупно 46 години во училишните клупи, амфитеатри, специјализации, посдипломски и докторски студии.

Син му на Амди вози МАСЕРАТИ. Син му на Георги вози ДАЧИЈА“.
Ново на Сител
-

Претставничкиот дом на САД го отфрли предлогот на демократите за прекин на војната со Иран
-

Полицијата на Илиноис добила дојава за бомба во куќата на братот на папата Лав
-

Генерал Кејн: САД за три дена вратија 13 бродови кои се обидоа да ја пробијат блокадата на Ормуската Теснина
-

Војната во Иран ја турна инфлацијата во еврозоната на 2,6 отсто, највисоко ниво од јули 2024 година
-

Американската војска е подготвена да продолжи со борбите доколку Иран не се согласи со мировен договор
-

Трамп: Израел и Либан се согласија на десетдневен прекин на огнот
-

Ѓорѓиевски: Започна процесот на одгасување на Вардариште, чекор поблиску до најголемиот мега-парк
-

Возач на камион под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа со материјална штета кај Солун
