Бразил во пикот на епидемијата веќе 50 дена е без министер за здравство

Бразил веќе 50 дена е без официјален министер за здравство, додека во земјата се регистрирани повеќе од 1,5 милиони случаи на коронавирус.
Оваа функција привремено ја извршува генералот Едуардо Пачуело, кој нема никакво претходно медицинско искуство, бидејќи последниот министер за здравство, Нелсон Теих, поднесе оставка на 15 мај.
Теих, кој на функцијата мина помалку од еден месец, се повлече по критиките од претседателот Жаир Болсонаро дека е „премногу плашлив да ја отвори економијата и дека се залага за употреба на лекот хлорокин“. Тој, меѓутоа, не ја изнесе вистинската причина за оставката, а неговиот претходник Луиз Мандету беше отпуштен од Болсонаро, потсетува Си-Ен-Ен.
Болсонаро, кој често пати им се спротивставува на насоките за социјално дистанцирање, препорачани од повеќето здравствени експерти, и за вирусот вели дека е „мал грип“, е под постојана и сериозна критика за намалување на сериозноста на епидемијата.
Под привремената команда на генералот Пачуело, повеќе од 20 стратешки позиции во Министерството за здравство се зазамени од воени лица. Најголемата критика против него, сепак, дојде кога по наредба на Болсонаро и желбата да се намалат негативните последици од големиот број смртни случаи, го смени форматот на презентација на податоците. По силен домашен и меѓународен притисок, Врховниот федерален суд донесе одлука податоците да мора да бидат објавени како што се правеше претходно.
Со повеќе од 1,5 милиони потврдени случаи и најмалку 63.144 смртни случаи, Бразил се наоѓа на второто место во светот, зад САД.
Ново на Сител
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
-

Пехчево: Го затекнала сопругот со 68-годишна жена и ја нападнала, а подоцна тој физички ја нападнал неа
-

Браќа меѓусебно се пријавиле во полиција по физичка пресметка во демиркаписко
-

Жена со тротинет удрила велосипедистка во Скопје и избегала
-

Мост „Генерал Михајло Апостолски“ - се ослободува трасата за конечно ставање во функција, напиша Ѓорѓиевски
