Средношколци од Кавадарци и тим на проект од УСАИД ќе садат чемпреси
Тим на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени денеска ќе се се сретнат со ученици во Средното општинско земјоделско шумарско училиште „Ѓорче Петров” во Кавадарци,кои заедно ќе садат чемпреси како заштитен појас во близина на Тиквешкото Езеро.
Поставувањето заштитен појас од ерозија е една од мерките за прилагодување кон климатските промени што ги промовира проектот. . Преку организирање на оваа теренска активност, проектот на УСАИД се стреми да ја подигне свеста кај младите чинители во земјоделскиот сектор за негативното влијание на климатските промени врз ерозијата на почва и да ги научи како да ја намалат ерозијата во услови на наклонет терен преку поставување зони со трајна вегетација за заштита од ерозија. Ваквата мерка го намалува површинското оттекување, го филтрира седиментот кој се наоѓа во оттечните води, а на тој начин ги задржува и хемикалиите кои се наоѓаат во седиментот.
Проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени, започна да се спроведува во април 2012, од страна на Мрежата за рурален развој на РМ. Целта на проектот е да им помогне на земјоделците да го зачуваат нивото на приход преку намалување на штетите предизвикани од промените во животната средина.
Проектните активности се фокусирани во медитеранската зона, вклучувајќи го Вардарскиот регион со делови од Струмичко и Гевгелиско – земјоделско богати области коишто се под најголемо влијание од климатските промени.
Ново на Сител
-
Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбеднa храна
-
Евакуиран аеродромот во Сараево, откажани сите летови
-
Автомобил прегази 77-годишна жена во кумановско, која починала во болница
-
Путин: Русија е подготвена на разумни компромиси за решавање на украинското прашање, но нема суштински преговори
-
Кривична пријава поради несовесно работење во службата
-
Скопје и Охрид добиваат шест нови авионски дестинации во 2025 година
-
Продолжува периодот на свежи утра, а преку ден сончево и топло
-
Избран нов Управен одбор во М-НАВ