Живот
14. August 2020 - 9:03

Три дена по ред Летно Кино во Охрид

Три дена по ред граѓаните на Охрид и туристите кои ќе престојуват на 14, 15 и 16 август во овој град ќе имаат можност на отворено да гледат филмови во склоп на Летно Кино.

Ова културна манифестација ќе се одржи на паркингот Горица 3 – (НЕМО).

Според распоредот на филмовите, прв денеска ќе биде прикажан „The Little Gangster“ (Малиот Гангстер), утре „Панкот не е мртов“ и во недела „The house that Jack built“ (Куќата што ја изгради Џек).