МЗ: На Психијатрија 4.000 телефонски разговори за психолошка поддршка на граѓаните

На ЈЗУ Клиниката за психијатрија се реализирани околу 4.000 телефонски разговори за психолошка поддршка на граѓаните за време на пандемијата со Ковид 19, почнувајќи од март, соопшти Министерството за здравство.
На првата телефонска линија за психолошка поддршка, која беше отворена на 15 март за возрасни во самоизолација во текот на целиот период, вклучувајќи ги викендите и празниците, која е достапна секој ден од 8 до 20 часот, имало повеќе од 2.200 разговори.
Во текот на март се отворија уште две други телефонски линии, од кои едната за психолошка поддршка на родители на деца на предучилишна и училишна возраст од страна на Клиниката за психијатрија, како и други телефонски линии за психолошка поддршка на лица од различни категории во соработка со УНИЦЕФ – Психолошка поддршка на родители на деца со пречки во развојот и Психолошка поддршка на адолесценти, на кои вкупно се реализирани повеќе од 500 разговори.
На телефонската линија за поддршка на жени во бременост и после породување се реализирани 50 разговори. На целните линии кои беа отворени за поддршка на лица од различни категории, вклучително и психолошка поддршка на албански јазик, како и поддршка на жителите на Дебар и Центар Жупа во периодот на карантин на тие општини реализирани се 1.000 разговори.
Во моментов активни линии за граѓани од различни категории се: за Психолошка поддршка на возрасни лица 072/919-009, психолошка поддршка за деца, адолесценти и нивни родители 072/912-979, психолошка поддршка за жени во бременост и после породување 078/378-766 и психолошка поддршка на албански јазик 070/291-657, стои во соопштението од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
