Шпански судија ја отфрли забраната за пушење на јавни места
Шпански судија ја отфрли забраната за пушење на јавни места во поголемата околина на Мадрид со образложение дека таквата одлука ќе ги загрози основните човекови права.
Шпанската Влада и лидерите на 17-те автономни региони минатата недела се согласија да го забранат пушењето на јавни места, кога не е можно да се одржи физичко растојание од два метра.
Судијата во Мадрид, меѓутоа, вчера изјави дека локалните власти немаат капацитет да ги ограничат „основните права, освен ако претходно не прогласија вонредна состојба“.
Ова не е прв случај на поништување на одлука на локална самоуправа во Шпанија.
Кога владата во Мадрид на 21 јуни ја укина вонредната состојба, одговорноста и моќта на одлучување во врска со здравствените проблеми беа вратени во надлежност на локалните власти. Меѓутоа, доколку постои сомнеж дека некои одлуки и мерки на локалните власти претставуваат ограничување на граѓанските слободи, тие мора да бидат прогласени од надлежен судија.
Регионалните власти најавија жалба на одлуката на судијата во Мадрид.
Ново на Сител
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло
-
Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
-
Палевски тврди дека власта го држи во Турција поради изборите
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата