БиХ трага по повеќе од 7.500 исчезнати лица
Во пресрет на Меѓународниот ден на исчезнатите, 30 август, Босна и Херцеговина соопшти дека трага по повеќе од 7.500 исчезнати лица.
– Во моментот, имаме 7.547 активни случаи, што е број на лица кои сè уште се бараат во БиХ и соседните земји, а се државјани на БиХ, рече Амор Машовиќ, претседател на Управниот одбор на Институтот за исчезнати лица на БиХ.
Според него, 28.320 лица официјално исчезнале во војната во поранешна Југославија, од кои 14.749 се идентификувани преку ДНК.
Шефот на програмата на Меѓународната комисија за исчезнати лица (ИЦМП) за Западен Балкан, Метју Холидеј ги повика сите кои имаат информации за скриени масовни гробници да контактираат со соодветните институции за да се разјасни судбината на исчезнатите.
Тој ги повика и семејствата на исчезнатите лица кои се уште не дале примероци на крв да се јават во Меѓународната комисија за потрага по исчезнати лица за да може да продолжи процесот на утврдување на идентитетот на исчезнатите лица преку ДНК-методот.
Ново на Сител
-

НАСА: Срушен е рекордот - човек отпатува најдалеку од Земјата досега
-

Трамп: Иран може да биде уништен преку ноќ
-

Кривична за Струшкиот градоначалник, именувал директор без соодветно образование и непознавање на англиски јазик
-

Воз му ја прегазил ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија
-

МП: Протестот е темелно демократско право, но загрижува улогата на одредена опозициска партија и обидот за манипулација
-

Кривична за поранешниот градоначалник на Кичево, Дехари - го оштетил буџетот за 1,6 милиони евра
-

24-годишник со „ауди“ возел со 212 км на час на автопатот Скопје-Штип
-

Владата работи со сите стекхолдери за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски
