Струмички средношколци преку мирен протест побараа да се вратат во училиштата
Преку мирен протест попладнево на Плоштадот „Гоце Делчев“ средношколци од Струмица побараа да се вратат во училиштата и да продолжат со настава.
Според нив вистинскиот проблем ќе се случи кога ќе ќе ја изгубат довербата во образовниот систем и затоа бараат да се вратат на настава.
-Знаеме колку онлајн наставата е „ефикасна“ и колку секој од нас го поседува потребниот електронски уред за функционирање со истата. Затоа ова е повик до надлежните да го слушнат нашиот глас и да го слушнат нашето мислење, зашто во спротивно ќе ја убијат желбата за напредок и ќе ни ја закопаат иднината со тоа, рече средношколката Катерина Гонева.
Пред средношколците се обрати и ученичката Лилјана Коцева, која подвлече дека треба да се оди на училиште, бидејќи моќта на образованието е неоспорна.
-Ние како човечки суштества не можеме да ја достигнеме крајната цел се додека сме необразовани. Можеме да создадеме подобра иднина само преку квалитетно образование. Затоа, да го искористиме образованието како најмоќно оружје со кое ќе може да го промениме светот, рече Коцева.
Додадоа дека се подготвени да посетуваат и комбинирана настава, но ако не се прифатат нивните барања тогаш најавуваат продолжување на протестите.
Ново на Сител
-
Биткоинот достигна вредност од над 90,000 долари
-
Скопјанец осомничен за обид за убиство на подмолен начин
-
Тошковски: Ставањето во функција на „Безбеден град“ е со цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви
-
Во Кина студент со нож уби најмалку осум лица, рани 17
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица