-->
-->
СЕХА: Веспрем регионален првак, Вардар немоќен
-->

Унгарскиот Веспрем не му даде шанса на „обновениот“ Вардар и го совлада со 35:27 (15:12) за да ја освојат својата трета титула од СЕХА лигата, прекинувајќи ја шампионската низа на „црвено-црните“.
За разлика од полуфиналето против ППД Загреб, кога „црвено-црните“ успеаја да се вратат во драматична завршница и да победат на пенали, против Веспрем се започна лошо, и во ниту еден момент не се успеа да се доближи до унгарскиот тим.
Веспрем поведоа со 3:0, па со 5:1 на почетокот на мечот, и Вардар со малку среќа успеа да се доближи на само три гола разлика (15:12) по половина час игра. Во второто полувреме, Веспрем не дозволи македонскиот тим да се доближи и во 43. минута веќе имаше предност од 23:17, практично решавајќи го победникот на мечот и освојувачот на титулата.
Глеб Калараш со шест гола и Ловро Јотиќ и Патрик Валчак со четири гола беа најефикасни кај Вардар, додека кај победниците, Петар Ненадиќ постигна пет гола, а Дејан Манасков, Андреас Нилсон и Мате Лекаи имаа по четири гола.
Ова е трет трофеј од СЕХА за Веспрем по победите во 2015 и 2016 и слатка одмазда на унгарскиот тим за поразот во финалето на Лигата на шампионите во 2019 година. Вардар останува најтрофеен тим во СЕХА со пет трофеи, Веспрем има три, а ППД Загреб една титула.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Истрага за убиство при семејно насилство во Битола
-

Убедлива победа за македонските ракометари на гостувањето кај Словачка
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
