-->
-->
Лишен од слобода полициски службеник, одбил да се идентификува и се однесувал агресивно
-->
На улицата „Александар Урдаревски“ во Скопје, ноќеска во 03:00 часот полициски службеници го лишиле од слобода М.Д. (полициски службеник) затоа што при контрола на неговото возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки одбивал да даде документи за идентификација и се однесувал агресивно кон полициските службеници.
Како што соопшти Министертсвото за внатрешни работи во редовниот дневен Билтен, тој бил приведен во Полициското одделение Шуто Оризари.
Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за натамошна постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Папата Франциск кратко се појави на балконот на базиликата Св. Петар за благословот Урби и Орби и им го честиташе Велигден на верниците
-
Прегазен малолетник во Делчево
-
Матарела во велигденската порака: Велигден нека биде поттик за дијалог, единство и утеха
-
Министерство за одбрана на Русија: Украинските сили го прекршија велигденското примирје
-
Сеул и Вашингтон идната недела ќе разговараат за трговските царини воведени од Трамп
-
Митрополит Петар: Велигден е живо присуство на Божјата сила која секогаш е со нас
-
Четворица фудбалери на ФК Гостивар приведенни за напад на полицајци по мечот со Струга
-
Пукање пред хотел во Берлин, едно лице е повредено