Хит видео: Баба пушела марихуана, не знаејќи дека е дрога

Баба Бејза Сулиќ 10 години одгледувала марихуана во село кај Брчко не знаејќи дека е дрога.
Баба Бејза почнала да сади марихуана за време на војната мислејќи дека е домат. Имено, неа војниците на армијата на БиХ ја замолиле да им го наводнува „доматот“ кои тие го посадиле на дел од земјата околу артилерските позиции.
Секако, во прашање бил канабил кој бабата грижливо го одгледувала, но и пушела, наводно не знаејќи дека станува збор за растение кое официјално важи за наркотик.
-Јас го полевав, Не ни знаев што е. Ние жените страдавме, беше војна, секаде се пукаше. Потоа дојде милицијата, се искорна и запали, објаснува Бејза која ни тогаш не сфатила дека расте вид на наркотик.
Таа вели дека првпат запалила кога на војниците им го носела „доматот“.
-Така беше. Не би го уживала јас тоа да знаев дека е дрога. Не знаевме, друго време беше, вели бабата која не крие дека убаво си поминувала со војниците додека пушеле џоинти, но вели дека најпрво си обезбедувала залихи за себе, па дури потоа им носела на војниците.
-Јас си оставав за себе, па и ним им носев. Тие пушеа и ме прашуваа дали ќе им се придружам. Мене тоа не ми штетеше.. Убаво беште, но кој знаеше што е во прашање, раскажува Бејза и додава дека тоа време и останало во убаво сеќавање.
-Пролета..Само се смеевме и пеевме. Ете така беше. Добро што останав при памет...10 години беа така, пеев, се смеев и играв со нив, се исто како и тие. Добро е што останав жива, раскажува оваа Босанка.
Ново на Сител
-

Горивата со нов скок - дизелот поскап за 6, бензините за 3 ден/л
-

Во КПУ Идризово пронајден починат 60-годишен затвореник
-

Кавадарчанец со 2,97 промили алкохол во крвта бил агресивен кон сопругата и малолетната ќерка
-

Артан Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“
-

19-годишна девојка загина кај Свети Николе откако со возилото излета од патот
-

Дизелот повторно над 100 денари од полноќ, поскапуваат и бензините
-

Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито
-

Уапсена жена од Скопје, предизвикала пожар во Центар
