Македонија
9. September 2020 - 8:51

Пожар во зградата на СЕП и МИА кај поранешна Комерцијална банка

Пожар избувна изутрина во зграда на кеј „Димитар Влахов“ во центарот на Скопје, поранешен објект на Комерцијална банка, во делот каде сега се сместени државни институции.

Противпожарни екипи интервенираат во гаснење на пожарот, во кој гори првиот кат каде што е сместен Државниот инспекторат за животна средина. Евакуирана е целата зграда во која се сместени и Секретаријатот за европски прашања и Медиумската информативна агенција.

Од инспекторатот, каде работното време почнува во 08:30 часот, велат при избувнувањето на пожарот немало вработени во нивните простории.