Предвреме ќе се исплатат септемвриските пензии

Владата на денешната седница донесе одлука во понеделник, на 28 септември 2020 година да се врши исплата на пензии со висина до 11.000 денари, во вторник, на 29 септември 2020 година да се исплаќаат на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари,
во среда, на 30 септември 2020 година да се врши исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари и во четврток, на 1 октомври 2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.
– Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за септември 2020 година, и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 септември 2020 година за да се обезбеди пензионерите со септемвриските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28 септември2020 година во четири групи, информираа од владината прес-служба.
Владата ја разгледа и усвои и Информацијата за исплата на парични права од социјална заштита, за септември 2020 година, според која податоците за корисниците на парични права од социјална заштита до деловните банки најдоцна до 2 октомври 2020, по што деловните банки треба да обезбедат достапност на средствата за паричните права од социјална заштита за месец септември преку банкомати и во трговските мрежи од 5 октомври 2020 година.
Ново на Сител
-

Трамп најави американски одговор по иранскиот напад врз трговски брод, американската војска потврди напади врз Иран
-

Зеленски: Украина е подготвена за преговори, но Русија мора да го направи првиот чекор кон мирот
-

Завршија општите претреси на предлог-законите од 106. седница, гласањето ќе биде дополнително закажано
-

Сончево и топло, до 38 степени
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
-

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати
-

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот
