Расте бројот на заразени и починати од коронавирус во светот

Бројот на американски жртви од коронавирус надмина 200.000 во вторникот – бројка која беше незамислива пред осум месеци, кога болеста стигна до најбогатата земја во светот, пишува „Гласот на Америка“ (ВОА). Од друга страна, Индија денес забележа повеќе од 83.000 нови случаи на инфекција, што е мало намалување во споредба со рекордниот број на заразени минатата недела. Во Индија, од избивањето на епидемијата, потврдени се повеќе од 5,6 милиони случаи.
„Сосема е незамисливо што стигнавме до оваа точка“, изјави за АП Џенифер Нузо, истражувач на јавното здравје на Универзитетот Џон Хопкинс.
Бројот од 200.000 – убедливо најголем број на жртви од вирусот во целиот свет – го објави Институтот Џон Хопкинс, врз основа на податоците дадени од здравствените власти на одделни американски држави.
Меѓутоа, се верува дека вистинскиот број е значително поголем, делумно затоа што многу од смртните случаи од Ковид-19 веројатно првично се припишувале на други причини.
Бројот на смртни случаи во САД во моментов е 67 пати поголем од бројот на жртвите во терористичките напади на 11 септември и е приближно еднаков на населението во Солт Лејк Сити или Хантсвил во Алабама.
Билансот продолжува да расте.
Секој ден, во просек 770 луѓе умираат од вирусот, а моделот развиен од Универзитетот во Вашингтон предвидува дека вкупниот број на жртви во Америка ќе се удвои на 400.000 до крајот на годината, бидејќи училиштата и колеџите ќе се отворат повторно и доаѓа студено време.
Вакцината веројатно нема да биде пошироко достапна до 2021 година, според „Гласот на Америка“.
Ново на Сител
-

Предложен притвор за лицето што вчера намерно ги опожари возилата на Бугарската амбасада во Скопје
-

Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати, МВР истражува
-

Кремљ: Во последниот разговор со Трамп, Путин не разговарал за средба со Зеленски
-

Граѓаните одлучуваат дали ќе даруваат орган или не, има можност и да се промени одлуката во секое време - усвоени измени во Законот
-

Трамп: Израел мора да биде „поодговорен“ во однос на војната во Либан
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е понапред од Украина и Молдавија, позитивен е обидот за ограничување на вето во ЕУ
-

ЦУК: До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка и меѓу нив тројца малолетници
