Црна Гора воведува санкции против Крим и Севастопољ
Црногорската Влада усвои одлука за воведување на меѓународни рестриктивни мерки утврдени со одлуките на Советот на ЕУ, со која се забранува увоз и извоз од Крим и Севастопољ.
Мерките, како што се наведува во соопштението по владината седница, се одговор на незаконската анексија на Крим и Севастопољ.
- Се забранува увоз во Црна Гора на стока со потекло од Крим или Севастопољ. Се забранува, директно или индиректно, односно давање финансиска помош, осигурувања и реосигурувања, во врска со увозот на стока со потекло од Крим или од Севастопољ. Забрането е свесно и намерно учествување во активности, чија цел или последица е непочитување на забраните, се наведува во одлуката, објаснувајќи дека мерките не важат за стока со потекло од Крим или Севестопољ која е дадена на преглед на украинските тела и за кои Владата на Украина издала потврда за потекло.
Црногорскиот весник „Побједа“ пишува дека е забрането и стекнување недвижности на полуостровот, како и сопственички хартии од вредност.
Во одлуката се додава и дека е забранета продажба, снабдување, пренос или извоз на стока и технологија од црногорски државјани или од територијата на Црна Гора, како и користење на пловни објекти или авиони под знамето на Црна Гора.
Ново на Сител
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време