Мајами без Адебајо и Драгиќ и за натпреварот бр.3?
Бам Адебајо и Горан Драгиќ можеби нема да се појават во натпреварот бр.3 за Мајами Хит против Лос Анџелес Лејкерс. Нивната состојба е опишана како „неизвесна“ во извештајот пред натпреварот, бидејќи обично кошаркарите со ваква дијагноза ги пропуштаат натпреварите на своите тимови.
Адебајо, кој е стартен центар на тимот, се опоравува од повредата на вратот. Тој по вториот натпревар рече дека се надева дека ќе биде вклучен во ротацијата на тренерот Ерик Сполстра и рече дека се чувствува подобро. Со Драгиќ работите се посериозни, бидејќи тој има повреда на левиот глужд и треба да му се стават инјекции за да се појави на паркетот.
Пред почетокот на натпреварот бр.2, Сполстра рече дека Адебајо и Драгиќ имаат став и желба да играат, но на крајот тој и неговиот стручен штаб решија да дадат време за опоравување на двајцата нивни главни кошаркари.
Натпреварот бр.3 помеѓу Мајами Хит и Л.А. Лејкерс е вечерва во 01:30 часот по македонско време. Лејкерси водат со 2-0 во серијата, потребни им се уште два успеси за да го освојат трофејот.
Ново на Сител
-

Во Зубин Поток запленети 140 килограми експлозив
-

ЦУК: Во Струмичкиот регион состојбата е стабилизирана, опаѓа водостојот на реките Струмица и Тркања, со механизација се интервенира на критичните локации
-

Приведен 77-годишник кој допирал жена во Скопје
-

Ја уценувал поранешната партнерка со компромитирачки видео запис од неа - приведен скопјанец
-

Турчин измамил свој сонародник за 6.650 евра, му ветил документи за престој и работа во Македонија
-

46-годишен маж нападнал полициски службеник на паркинг во Гостивар
-

На ГП Блато минатата година откриени 15 кривични и 32 прекршочни дела
-

МВР пресече транспорт на марихуана
