Нови мерки во Париз - кафулињата и баровите затворени

Баровите и кафулињата во Париз се затворени на две недели во согласност со новите мерки против забрзаното ширење на коронавирусот, но на рестораните им е дозволено да продолжат да работат.
Со зголемената стапка на ширење на вирусот и зголемувањето на бројот на хоспитализирани пациенти неколку месеци по укинувањето на општата блокада на јавниот и економскиот живот, стапија на сила новите правила за физичко дистанцирање.
Баровите и кафулињата привлекуваа голем број луѓе кои честопати не ги почитуваа регулативите за физичко растојание и носење маски. Француските медиуми проценуваат дека оваа мерка на затворање не е изненадувачка.
Училниците и амфитеатрите во градските универзитети ќе бидат ограничени на 50 проценти од капацитетот, објави АФП.
Министерот за здравство, Оливие Веран, минатата недела објави дека само подобрувањето на епидемиолошката состојба може да го спречи затворањето на барови и кафулиња во Париз.
Во саботата, 4 октомври, во Франција беа регистрирани близу 17 000 нови инфекции.
Официјални лица велат дека во градот има 203 активни кластери на епидемија.
Ново на Сител
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
-

Продолжува негативниот прираст - 1 005 помалку родени од умрени во второто тримесечје
-

Мицкоски: Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет
-

Жена пронајдена почината во стан во Скопје
-

16-годишно девојче нападнато од нејзиниот 28-годишен партнер
