-->
-->
ТК Југ не ја дава титулата, Неготино сериозно се закани
-->
По голема борба и меч кој траеше повеќе од 12 часа тенисерите на ТК Југ ја одбранија титулата шампиони на Македонија во екипна конкуренција. Тие во решавачкиот меч за првото место го совладаа тимот на Неготино со 3-2, притоа мечот кој се играше вчера на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје почна во 10 часот, а заврши околу 22 часот.
Според пропозициите првин се играа четири сингл меча, а резултатот беше 2-2 во победи, па под светлото на рефлекторите на централниот терен на ТК Југ шампионот беше решен во мечот во игра на двојки, кои Мирза Башиќ и Нермин Фатиќ го добија со 2:0 во сетови против Миљан Зекиќ и Стефан Мицов.
Во сингл мечевите Неготино поведе со 1-0 откако Зекиќ го совлада Башиќ со 7:5 во двата сета, потоа Југ изедначи откако Фатиќ го победи македонскиот првак Горазд Србљак со 2:1 во сетови (6:3; 4:6 и 6:4). Тенисерите на Југ поведоа со 2-1 во победи откако третиот меч заврши во нивна корист. Обрад Марковски поради повреда го предаде мечот на Турчинот Корај Кирџи при резултат 1:1 во сетови и 2:0 во третиот сет за турскиот тенисер. Неготино се избори за дубл меч откако во дуелот на македонските тенисери (кои беа рангирани како четврти во своите тимови) Стефан Мицов и Томислав Јотовски. Мицов беше поуспешен и го совлада недоволно опоравениот Јотовски со 2:0 во сетови (7:5 и 6:4).
На шампионатот настапија вкупно пет екипи, а Југ и Неготино постигнаа максимални победи од 4-0 против МТП од Скопје, Тенниспарк од Скопје и Тумба од Куманово.
Во двата тима настапија неколку играчи од странство кои имаат успешни настапи и на АТП турнири и на овој шампионат му дадоа посебна тежина, особено што се одржа во период на пандемија.
ТК Југ со освојувањето на титулата останува единствен шампион на Македонија во овој спорт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228