Случај „Саздовски”: Oдбраната бара преквалификација на обвинението, обвинителство да се потврдат казните
Одбраната на обвинетите во случајот „Саздовски” и обвинителот Јован Стефановски од Вишето ЈО – Скопје, денеска во Апелацискиот суд Скопје ги образложија своите жалби по однос на првостепената пресуда. Бранителот на првообвинетиот Бесир Бела, адвокат Насер Рауфи во објаснување на поднесената жалба истакна дека обвинетите на денот на настанот немале план за тоа што се случило.
– Немале умисла. Се работи за класичен напад од три лица и тука е сторено кривично дело ,,насилство”. После настанот и смртта на оштетениот се случија протести, имаше мешање на еден парламентарец. После овие случувања предметот се смени за 360 степени, рече адвокат Рауфи и додаде дека свирепоста напишана во пресудата е субјективна.
Обвинителот од Вишето ЈО-Скопје, Јован Стефановски, во своето излагање кратко посочи дека жалбите на одбраната треба да се одбијат. Тој воедно рече дека предлог на Вишето ЈО-Скопје е да се потврди одлуката на првостепниот суд по овој предмет.
Обвинетите Бесир Бела и Скендер Демири, осудени од Кривичниот суд Скопје, со по 19 години затвор, во своите излагања бара да се судат за делото што го направиле. За нив е неприфатливо квалификацијата на обвинителството дека станува збор за „убиство на свиреп начин”.
Судијата известител Зоран Димитриевски, читајќи ги отежнувачките околности на кој се осврнал Кривичниот суд Скопје при донесење на пресудата го наброи изгубениот живот на младото лице, фактот дека истиот не може да се врати и оштетата која ја претрпиле членовите на семејството на починатиот.
Настанот меѓу обвинетите и Никола Саздовски се случи во јуни 2018 години во автобуската постојка во населбата Автокоманда. Привчно младиот Саздовски, беше однесен во Клиничкиот центар, но по десетина дена во кома им подлегна на повредите.
Освен казната по 19 години затвор, судот обвинетите ги задолжи да платат и парична оштета на семејството Саздовски, за претрпената душевна болка.
Случај „Саздовски” одбраната бара преквалификација на обвинението, обвинителство да се потврдат казните.
Ново на Сител
-
Во Охрид до 13 часот на изборите излегле околу 27 проценти, во Дебрца 26 отсто од гласачите
-
Во Велес до 13 часот излезноста е 30,08 за претседателски и 30,57 за парламентарни
-
Кавадарци со близу 30 отсто излезност до 13 часот
-
Во Крушево до 13 часот излезноста е над 34 проценти, а во Долнени двојно помала
-
Излезноста до 13 часот за претседателски избори е 23,95% , за парламентарни 25,84
-
Јавното обвинителство поднесе пријава за поткуп во Велес за две лица
-
Поставен штанд на партија во Шуто Оризари, расфрлани летоци во Чаир, агитирање...
-
ОДИХР со над 300 набљудувачи на гласачките места низ земјава, заклучоците ќе ги соопшти утре