Велс воведува двонеделно „затворање“

Велс ќе воведе двонеделно „затворање“ (локдаун) во петок и сите освен работниците од суштинските дејности ќе мора да останат дома, со цел подобро справување со брзото ширење на вториот бран на коронавирусот.
Премиерот на Велс, Марк Дрејкфорд рече дека разбира дека луѓето се уморни од ограничувањата, но мерките се неопходни затоа што Одделите за интензивна нега во болниците се веќе пополнети.
– Секој во Велс ќе мора да остане дома, изјави Дрејкфорд пред новинарите. – Ако не дејствуваме сега, ќе продолжи да се забрзува, додаде тој.
„Затворањето“ стапува во сила в петок и ќе трае до 9 ноември. Сите, освен суштинските работници, ќе работат од дома.
Малопродажба, угостители, туристички бизниси и верски институции ќе мора да бидат затворени.
Влера во Велс беа евидентирани 950 нови случаи на коронавирус, а на почетокот на октомври изнесуваат по околу 400.
Ново на Сител
-

Дизелот поскапува глобално – скок до 81 отсто во некои земји
-

Расчистено убиството во Виница, кривична за грчки државјанин, приведени вкупно четири лица
-

Кенеди: Трамп знае прецизно да ги нацрта границите на Блискиот Исток
-

Зеленски: Русија неделава употреби над 3.000 дронови и 1.450 авиобомби против Украина
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
