Почина познатиот актер Данчо Чевревски
Македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец и продуцент Данчо Чевревски почина синоќа во Скопје на 69 годишна возраст.
Чевревски е роден на 17 мај 1951 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери. Специјализација, односно филмско усовршување има добиено на УКЛА во Лос Анџелес.
Тој е еден е од основачите на приватното претпријатие за производство на филмови ТИРАНГЛ, а работеше и како професор на ФДУ во Скопје и беше декан на Факултетот.
Глумеше во повеќе југословенски и македонски филмови, меѓу кои „Игмански марш“, „Хај-фај“, „Трст виа Скопје“, „Тетовирање“, „Џипски меџик“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“.
Добитник е на повеќе награди во текот на неговата плодна кариера, а минатата година на 14. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, му беше доделена наградата „Астер“ за исклучителни достигнувања на филмот и на ТВ.
Ново на Сител
-

„Safe City“ ги снимил: Донеле четирицикл со шлеп-служба и глумеле сообраќајка за пари од осигурување
-

Мицкоски: Она што го прави Левица за Изборниот законик е театар за нивниот мал број гласачи
-

Мицкоски: Се следи состојбата со цените на горивата, мерките остануваат на располагање
-

Украински дронови погодиле уште 12 руски танкери во Азовско Море
-

На судењето за „Пулс“ презентирани комуникации од телефоните на обвинетите
-

Албанските власти негираат дека пратеници и функционер на ВРЕДИ биле спречени да влезат во Албанија
-

Со поглед во таван почна судењето на серискиот убиец во кумановско, Обвинителството ќе докажува дека мотивот бил некрофилија
-

Охриѓанец починал откако проготал опаковка со дрога за да не го фати полиција
