-->
-->
„Жетва“ на медали на ПК Бета
-->

Успешен викенд имаа пливачите на Бета на Меѓународниот митинг, кој изминатиот викенд се одржа во Ниш.
Пливачите на Бета на Меѓународниот пливачки митинг „Свети Никола“ во Ниш, освоија вкупно 24 медали.
Најуспешен беше сениорот Љупчо Ангеловски со прво место 100 метри грбно, прво место 200 метри грбно и второ место 50 метри делфин во финале и прво место 100 метри грбно, прво место 200 метри грбно второ место 50 метри делфин и прво место 100 метри делфин по категорија.
Мартин Тодоровски - второ место 400 метри слободно и трето место 100 метри слободно.
Марко Бејатовиќ - второ место 200 метри мешано во финале и трето место 50 метри градно и второ место 200 метри мешано по категории.
Ана Јаневска - второ место 50 метри слободно и второ место 50 метри делфин во финале, второ место 100 метри градно, второ место 100 метри слободно и второ место 50 метри слободно по категории.
Миа Блажевска Еминова - прво место 50 метри слободно, прво месато 100 метри слободно, второ место 50 метри грбно и трето место 50 метри делфин.
Јана Милковска - второ место 100 метри слободно и второ место 100 метри делфин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Иран ги обвини САД дека не ги исполниле своите обврски по израелскиот напад во Либан
-

Трамп ги повика Израел и Хезболах да престанат со напади „за да не ги расипат“ напорите за мир во регионот
-

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
