Трамп: Ми ја крадат изборната победа, ова се лажни избори
Американскиот претседател и претседателски кандидат на републиканците, Доналд Трамп и се обрати на јавноста од Белата куќа и рече дека е ограбен и дека се работи за лажни избори.
Тој рече дека ја предвиделе победата на Бајден во многу земји, но било обратно.
– Го задржавме Сенатот, што е одлично во тешките сојузни држави. Направивме одлична работа. Стотици милиони долари беа против нас. На национално ниво, нашите противници беа донатори од Волстрит, а нашите донатори беа мали луѓе, рече Трамп. .
Тој додаде дека повеќе жени од Републиканската партија биле избрани во Конгресот од кога било досега.
– Јас освоив голем, најголем број гласови во историјата, Хиспаноамериканци, Афроамериканци и американски староседелци. Ова се лажни избори, морам да кажам. Победивме во многу држави, а потоа, за чудо, работите започнаа да се вртат во корист на Бајден. Но, предвидов дека гласањето по пошта ќе биде измама, рече Трамп.
Тој рече дека пресметале точно колку гласови им требаат, а потоа ги испратиле по пошта.
– Неверојатно е како сите гласачки ливчиња испратени по пошта придонесоа само за едната страна. Да не зборуваме за прекинување на пребројувањето на гласовите. Луѓето ми испраќаа пораки, никогаш не сум видел таква љубов, таква поддршка од граѓаните, но противниците сакаат да украдат избори, а ние не смееме да им дозволиме, рече Трамп.
Трамп додаде дека нема поштенски марки, печати или што било што друго на поштенските коверти.
– Гласањето по пошта се претвори во катастрофа, но како што реков, не е изненадување. Не смееме да дозволиме ова да и се случи на нашата држава. Да не спомнувам дека тие блокираа избирачки места, тие не ни дозволија да присуствуваме на многу места…Сакаме транспарентност, правда, не тајни состаноци и криење. Нашата земја ќе победи, ќе победиме на изборите. Очекувам долг процес на патот кон правдата, но сме трпеливи, заклучи Трамп.
Ново на Сител
-

Израел тврди дека го убил командантот на морнарицата на иранската Револуционерна гарда
-

Андоновски: Системот за електронско управување со документи не бил тестиран за безбедносни слабости, направени се тестирања и надминати се сите недостатоци
-

Трамп: Иран врз базата Диего Гарсија лансира ракета која „наводно ја нема“
-

Николоски: Блокираните ДУП-ови се причина за 2.500 евра квадрат во Скопје и 4.000 евра во Охрид
-

Мицкоски: И во услови на историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат
-

Путин: Последиците од војната во Иран би можеле да бидат како последиците од пандемијата
-

Иран го отфрли американскиот мировен предлог како „едностран и неправеден“
-

Лука Кипровски влегува во WAKO PRO водите – дуел со шампионот Кликавац во Црна Гора
