Велешанец осомничен за обид за убиство на својата сопруга
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес вчера донел Наредба за спроведување истражна постапка против лице на 57-годишна возраст, осомничено за кривично дело – Убиство од член 123 во врска со член 19 (во обид).
Од ОЈО Велес појаснуваат дека осомничениот завчера вечер се обидел да ја лиши од живот својата сопруга при вршење семејно насилство, така што ѝ пришол и со кабел започнал да ја удира по телото. Од ударите оштетената паднала на подот. Осомничениот не ѝ дозволувал да стане, туку и се заканувал дека „ќе ја однесе во гробот на мајка ѝ“, „ќе ѝ ја затвори устата така што ќе ѝ ја наполни со крпа“ и дека „ќе ѝ го скрши черепот“. Тој продолжил да ја удира со кабелот по целото тело и престанал дури откако во куќата дошла нивната ќерка. Од ударите што и ги нанесол осомничениот, оштетената добила повеќе повреди по целото тело и скршеница на раката.
За настанот денеска информираат од СВР Велес, дека на 4 ноември во 22.45 во СВР Велес било пријавео дека 57 годишна жена била физички нападната од нејзиниот сопруг,при што и биле нанесени тешки телесни повреди.
Како што појаснува портпаролот на СВр Велес, Верољуб Додевски, лицето било приведено во полициската станица-Велес.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Активен пожарот кај крушевско Борино, под контрола е на Јаесен и кај село Белица
-

Трамп: Украина и Русија се согласија да не напаѓаат енергетски објекти
-

Павловска-Данева: Интерпретативните одлуки се важен чекор кон развојот на современата уставно-судска практика
-

Голем успех за Филип Шулевски – ново најдобро македонско време на Ironman
-

Мицкоски: Без намалувањето на акцизата дизелот ќе беше поскап за 11 до 11,5 денари, го штитиме стандардот на граѓаните
-

Гаши: Убеден сум дека нема да има предвремени избори
-

Мицкоски: Се надевам дека случајот со заканите кон мене упатени на социјалните мрежи ќе биде решен во рамките на системот
-

Нови правила за боледување: Од седум на пет дена кај матичен лекар, контролор ќе проверува дали сте дома
