Бесплатна вакцинација против сезонски грип на здравствените работници на нивните работни места
Во оваа сезона на вакцинација против сезонски грип, првпат е овозможена бесплатната вакцинација на здравствените работници да се спроведува во нивните матични установи, наместо да одат како и досега во Центрите за јавно здравје. Ќе се опфатат здравствените работници кои пројавиле интерес за вакцинација од јавно-здравствените установи во државата, информира Министерството за здравство.
-На овој начин, вакцината ја направивме подостапна за сите здравствени работници, како една од ризичните категории, чија заштита во услови на Ковид-19 пандемија е многу значајна, стои во соопштението.
Во првата испорака до установите се обезбедија 2790 вакцини. Во најбрз рок ќе бидат испорачани и дополнителни количини поради големиот интерес помеѓу здравствените работници.
Во вторникот почна вакцинацијата против сезонски грип, а граѓаните можат да закажат термини за бесплатно вакцинирање преку својот матичен лекар. МЗ додава дека за оваа година, набавени се 40 илјади дози, 12 илјади дози повеќе од минатата година. Трета година обезбедуваме бесплатна вакцинација за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, бремени жени, здравствени работници и деца до 5 години.
-Како никогаш досега, оваа сезона од особена важност е спроведувањето на вакцинацијата против грип кај здравствените работници, со што ќе се намали заболување помеѓу нив и другите даватели на здравствени услуги кои се од суштинско значење во одговорот на коронавирусот, наведува Министерството.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка