-->
-->
Запленети амфетамин и марихуана, приведен дилер во Влае
-->
На 13.11.2020 околу 17 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Скопје во скопската населба Влае сопреа возило „субару форестер“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Д.Б. (38) од Скопје и при извршен преглед во возилото било пронајдено пакување со синтетичка дрога амфетамин.
При дополнителен преглед со употреба на службено куче за детектирање на дроги, во внатрешноста на шал таблата од возилото, во специјално направен бункер биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и амфетамин, наменети за натамошна продажба.
Против Д.Б. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното ОЈО-Скопје.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мајка и дете загинаа откако се фрлија од зграда во скопски Карпош
-

Две убиства и обид за убиство: Се проширува истрагата за 25-годишниот убиец од Малотино
-

Жена претепана од сопругот, 23-годишна девојка следена од поранешниот партнер
-

Малолетник без возачка управувал „мерцедес“ во Струга, возилото одземено
-

Сончево и релативно топло време, во четврток локални врнежи од дожд
-

Во среда почнува судењето против 74 годишен штипјанец кој поради љубомора уби 79 годишна жена
-

Во Европа раст на цената на гасот за повеќе од 20 отсто
-

Минималната плата се зголемува за 1.667 денари согласно законското усогласување
