Филипче: Приватни специјализанти започнуваат со работа на интерните клиники
Министерот за здравство доцент д-р Венко Филипче утрово се срена со младите лекари кои се на приватна специјализација на клиниките за нефрологија, гастроентерохепатологија, дерматовенерологија, неврологија, Клиниката за уво нос и грло и Кожната клиника кои саакаат доброволно да се приклучат во работата во ковид центрите на овие клиники. Станува збор за триесетина млади лекари чија помош ќе биде добредојдена на инфективните одделенија.
- Како министер за здравство и како лекар ценам што покажавте желба и спремност да се влучите во работата во ковид центрите сега кога за тоа има голема потреба. Во тешки времиња се покажуваат желбата и спремноста на луѓето и тоа е за почит – рече министерот Филипче. Во тек на денот ќе се направи распоред за ротација на сите млади лекари и ќе бидат вклучени во работата во ковид центрите.
Министерот потоа оствари средба и со претставници на млади лиценцирани лекари со кои исто разговараше за нивен ангажман во здравствените установи низ цела држава. До крајот на неделата треба да се допрецизираат условите на оваа група лекари за нивно приклучување во работата во ковид одделенијата и болниците низ државата.
Ново на Сител
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
-

Облачно и студено, од вторник кон крајот на денот врнежи од снег
-

Обвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена во Капиштец
-

Претрес во викендица во село Војник, пронајден пиштол и други предмети
-

Кузмановски: Данска беше добар тест за претстојниот дуел со Португалија
-

Протести во Данска и на Гренланд поради плановите на Трамп за преземање на островот
