Битиќи: Во втората половина на 2022 година очекуваме да се врати преткризното ниво на БДП

Буџетот за 2021 година е дел од стратегијата на Владата за економско заздравување и забрзан раст во периодот од 2021 до 2025 година. Во иницијалната фаза од планот треба да обезбеди економско заздравување од последиците од пандемијата со Ковид-19, а веќе во следните три години забрзан и одржлив економски развој.
Очекувањата се во втората половина на 2022 година да се врати преткризното ниво на БДП, а веќе во 2025 година економија да расте со стапка од 5,9 отсто. Планот е буџетскиот дефицит во 2025 година да се спушти на 2,5 отсто од БДП.
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната прес-конференција во Владата истакна дека Буџетот за 2021 година е така конципиран за да даде одговор на предизвиците со кои се соочуваат економијата и граѓаните како последица на здравствената криза, но и да овозможи постепена консолидација и стабилизација на економијата.
– Доколку се се одвива по зацртаните проекции, очекуваме со овој буџет да обезбедиме раст на БДП од 4,1 отсто, да се стимулира извозот кој очекуваме да порасне за 14,4 отсто, воедно да пораснат и бруто-инвестициите за 8,4 отсто. Како една од поважните компоненти за формирањето на БДП е приватната потрошувачка за која имаме проекција за раст од 3,8 отсто, а раздвижувањето на економската активност сметаме дека ќе доведе и до зголемување на бројот на вработени за околу 2 отсто, појасни Битиќи.
Најави реализација на капиталните проекти во патната, железничката, комуналната и енергетската инфраструктура, развој на земјоделството и инвестиции во спортот, културата, здравството и образованието. За нив се планирани 23 милјарди денари или 374 милиони евра, средства кои се за 20 отсто повисоки во однос на вториот ребаланс на Буџетот за годинава.
Новина е и формирањето на Централната единица за надгледување и реализација на капиталните инвестиции со која ќе се осигура високо ниво на нивна реализација.
– Буџетот за 2021 година е димензиониран и проектиран да одговори на реалните потреби на државата, стопанството и граѓаните. Економијата е еден од врвните приоритети. Само во инвестиции во економијата ќе обезбедиме побрза консолидација на општеството, а потоа и побрз и одржлив раст и развој. Овој буџет е за граѓаните, за стопанството, за сите нас, порача Битиќи.
Ново на Сител
-

Политичка кавга во Унгарија околу ценовниот плафон на горивата
-

СП 2026: Ибрахимовиќ го критикуваше Роналдо по натпреварот против ДР Конго
-

Мицкоски: Пред помалку од две години како Влада почнавме од нула, а направивме Македонија да биде во топ пет во Европа по раст на БДП
-

Мицкоски: Мојата визија е Македонија да стане држава на можности, а не на изговори, Македонија забрзува
-

По втор пат во историјата, жена ќе биде главен судија на натпревар од Светско првенство
-

СП 2026: Кејн двоен стрелец во триумфот на Англија над Хрватска
-

УХМР: Најмногу врнежи во Гевгелија, денеска сончево и топло со температура до 34 степени
-

Лидерите на ЕУ во Брисел ќе разговараат за безбедноста, Украина и проширувањето
