-->
-->
ЛШ: Вардар немоќен против Душебаев и Карачиќ
-->
Првпат по пет сезони, полскиот Кјелце успеа да триумфира во Скопје, победувајќи го Вардар со 29:33 (13:16), искачувајќи се на првото место во групата А со дури пет победи.
Вардарци имаа одлични моменти во средината на второто полувреме, ама ја испуштија шансата да го земат мечот под своја контрола. Тимот настрада од „своите“, поранешните играчи Алекс Душебаев и Игор Карачиќ. Првиот беше феноменален кога се говори за постигнувањето на головите, додека вториот беше главен асистент и го разигруваше својот тим. Киелце со овој триумф останува лидер и е најдобар тим во групата во ЛШ. За полскиот првак ова е прва победа во Скопје во пет години (три порази и едно реми во меѓусебните пресметки).
Вардар имаше фантастичен старт, поведувајќи со 5:1, но гостите успеаја да се вратат и да израмнат на 9:9, а на полувреме отидоа со три гола разлика (13:16). Во второто полувреме, Вардар успеа да се врати и да поведе со 22:21, но предводени од поранешните вардарци, Алекс Душебаев и Игор Карачиќ, Кјелце се вратија на три гола предност (23:26).
Душебаев беше посебно загреан за игра против „црвено-црните“ со 10 постигнати голови, додека кај Вардар, Јотиќ имаше шест, а Чупиќ и Дибиров по пет гола.
Кјелце има одиграно дури седум кола во ЛШ и е на првото место со пет победи, додека Вардар по четири одиграни меча има една победа, едно реми и два порази, и наскоро ќе има шанса за одмазда со гостувањето во Полска на 25 ноември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид, повредени три лица
-
Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани
-
Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми
-
Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников