Солскјер се надева дека Погба може да игра против Башакшехир
Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер има надеж дека играчот за врска Пол Погба ќе биде подготвен за натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против Башакшехир.
– Се надеваме дека Погба ќе може да игра. Пол тренираше вчера. Да видиме што велат лекарите на денот на натпреварот. Што се однесува до Лук Шоу – се надевав дека ќе се врати за еден месец, но кога играч ќе добие уште една повреда на тетивата, не вреди да се ризикува. Тој сè уште не се врати на тренинзите со тимот. Се надевавме дека ќе пропушти само четири недели, но напротив, тој е поблизу до пропуштање на шест недели, изјави Солскјер за „Sky Sports“.
Натпреварот „Манчестер јунајтед – Башакшехир ќе се игра вечер со почеток во 21 часот.
Турскиот клуб го доби првиот натпревар со резултат 2:1.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло