Филипче: Нема потреба од дополнителни мерки, досегашните даваат ефект
Досегашните мерки даваат резултати и нема потреба од дополнителни рестрикции кои би биле без значаен ефект. Така е за Прилеп и за територијата на целата држава, изјави министерот за здравство Венко Филипче по денешната средба со приелепскиот градоначалник Илија Јованоски кој деновиве го пренесе заклучокот на прилепскиот кризен штаб за дополнителни мерки за заштита.
Според Филипче, заедничка е денешната констатација со прилепските градски власти.
– Очигледно е дека и сега мерките даваат резултати. Вака димензионираните мерки со затворени угостителски објекти по 21 часот, забраната за групирање во целото деноноќие, постепено ја олабавуваат ситуацијата. Заедно заклучивме дека нема потреба од дополнителна рестрикција која не би имала некаков позначаен ефект од мерките кои сега се на сила. Практично, во сите земји во Европа, ваква комбинација даде резултат. Во таа смисла, како за Прилеп, така и за територијата на целата држава, и по вчерашниот состанок со Комисијата за заразни болести, засега не доаѓа предвид да се воведуваат дополнителни мерки, изјави Филипче.
Што се однесува до епидемиолошката состојба во Прилеп, градот е во третината градови со благ пораст на новозаразените, но на национално ниво еднаков е бројот на заразените последните недели, а се намалува притисокот врз болниците, и во прилепската, за прегледи. Но ситуацијата се следи со внимателност, поради непредвидливоста на вирусот, како и во светот.
– Прилеп е во третина од градовите во земјава во кои има благ пораст во инциденцата последните две недели во однос на оние претходни две. Инаку, на национално ниво последните три недели еднаков е бројот на новодијагностицирани случаи, а во болниците, посебно во Скопје, а денеска го констатиравме тоа во Прилеп, има благо намалување на притисокот во однос на бројот на пациенти кои доаѓаат за преглед и за прием. Мора да потенцирам, не само кај нас, туку и во светот нередвидливоста на вирусот останува и мора да бидеме претпазливи и не сакаме да даваме никакви предвидувања. Се уште чекаме да ја видиме ситуацијата во следните денови.
Министерот Филипче оцени дека ситуацијата во прилепската болница одлично се менаџира, има пет ковид-оддели, а за респект е одзивот на матичните лекари да помогнат во Инфективното.
– Болницата во Прилеп е одлично организирана. Пациенти се сместени на пет одделенија. Мобилизирани се сите лекари, медицински сестри , помошно технички персонал. Сепак, има одреден број здравствени работници кои се заразени и по апелот на градоначалникот на Прилеп Јованоски, одличен е одзивот од Здружението на матичните лекари и веќе одредена бројка веќе се пријавија да волонтираат во приелпската болница и е за поздравување, рече министерот Филипче при денешната посета на Прилеп.
Ново на Сител
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
-

Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
