Четири лавови во зоолошката градина на Барселона позитивни на коронавирус

Четири лавови во зоолошката градина во Барселона се позитивни на коронавирус, соопштија денеска локалните ветеринарски власти.
Три женки по име Зала, Нима и Рун Рун и мажјакот Киумбе се тестирани откако чуварите забележале дека покажуваат симтоми на настинка, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.
Двајца вработени исто така биле позитивни на коронавирус, откако заразата за првпат беше откриена во зоолошката градина минатиот месец. Властите сега истражуваат како лавовите се заразиле.
Ветеринарската служба на Барселона ги контактирала своите колеги во зоолошката градина и во Бронкс во Њујорк каде што четири тигри беа позитивни на коронавирусот во април ова година.
Ова се двете единствени зоолошки градини на светот каде што лавови и тигри се заразиле со коронавирусот, а веќе сите се опоравени.
Ново на Сител
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
