Димитров: Најавата за моја интерпелација е очаен обид за создавање раскол во Владата
Вицепремиерот за европски прашање Никола Димитров во објава на Фејсбук најавата на ВМРО-ДПМНЕ за поднесување интерпелација за неговата работа во Собранието, ја оцени како очаен обид за создавање внатрешен раскол во Владата и во овој контекст директен напад кон самата држава и нејзините институции.
– Веројатно ќе беше разочарување само за членството и за симпатизерите нивото на кое е паднато Здружението што се претставува како политичка партија, ама фактот што таа групација претендира да е вистинска политичка алтернатива го прави нивното гротескно дејствување дебакл. Дебакл и за општеството и за целата демократија, наведе Димитров.
Тој оценува дека најавата за интерпелација во период кога државата е соочена со сериозни предизвици, а тој лично е мета на напади од разни центри што директно се борат против македонските интереси, всушност „само помага самите тие да се нацртаат во графата каде суштински припаѓаат – рамо до рамо токму со тие центри, како тотални политички и државни деструктивци, изгубени и прегазени од чекорот на времето и процесите што им се одвиваат пред нос, додека тие во своите антимакедонски лаборатории го создаваат она од што и самите се изградени – интриги, завери, лаги и конструкции“.
– Очајниот обид за создавање на внатрешен раскол во Владата е на иста линија и оди далеку над политичката прагма и нивната битка против нас како политички противници. Во ова историско премрежје и овој контекст, ова е директен напад кон самата држава и нејзините институции како столбови и носители на суверенитетот. Најголемиот пораз за нив, сепак е вистината и фактот што во сите битки на македонската држава денес, предавниците никогаш не биле на оваа страна од приказната. Тоа ќе го суди и историјата, ама и блиската иднина. Таа тежина е залепена за нивните плеќи и со (само)залажувањето дека е на туѓите станува само поголема и поопасна. Нека си ја носат!, истакнува Димитров во објавата на Фејсбук.
Ново на Сител
-

Двајца мажи од струшко нелегално копале минерални суровини и ја загадиле водата во Струга
-

Вучиќ: Парламентарни избори на 18 или 25 октомври
-

Водата во Скопје е безбедна и со добар квалитет
-

Отворена веб апликација преку која странските возачи можат да ги проверуваат и плаќаат казните од „Безбеден град“
-

Научници: Пожарите во Европа ќе се зголемат за 39% дури и во најдоброто климатско сценарио
-

44-годишен затвореник преку телефон и се заканил на сопругата дека ќе ја убие кога ќе излезе од затвор
-

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар - водата е чиста и безбедна за пиење
-

АХВ за овчата сипаница: Доставена е информација за донација на вакцини до Европската Комисија и Република Турција
