МЗ: Почна обуката на медицински сестри за унапредување на примарната здравствена заштита

Министерството за здравство и Светската здравствена организација поддржани од Работната група за унапредување на сестринската дејност ја изготвија обуката за медицински сестри од примарната здравствена заштита (ПЗЗ).
Од Министерството за здравство во денешното соопштение појаснуваат дека обуката е изготвена како одговор на новиот модел на примарна здравствена заштита промовиран во земјата во почетокот на 2019 година. Двата модули работилници траат до 30 декември, а останатите модули ќе продолжат во 2021 година.
– Медицинските сестри Миреја Санчез и Рос Брајар ги водат обуките. Миреја е регистрирана медицинска сестра во Шпанија, со работно искуство во различни здравствени средини и во наставната дејност. Рос е регистрирана медицинска сестра во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и нејзиното искуство е главно во патронажната и наставната дејност, се наведува во соопштението од МЗ.
Целта на програмата за професионален развој е да се развиjат знаењето и вештините на медицинските сестри и акушерките од примарната здравствена заштита за да можат да придонесат на најделотворен можен начин кон спроведување на новиот модел на примарна здравствена заштита во Македонија.
– Краткорочните цели на програмата се да се подигне нивото на знаење и практични вештини на учесниците и да се придонесе кон нивниот континуиран професионален развој. Македонија е меѓу првите земји на глобално ниво што ја разгледа својата заложба за примарна здравствена заштита (ПЗЗ) во согласност со Декларацијата од Астана. Овој процес го продолживме за време на двата национални форуми за здравствена заштита на ПЗЗ во 2019 и 2020 година, стои во соопштението.
Примарната здравствена заштита, посочуваат од МЗ, е клучна и повеќе од потребна е интервенција за подобрување на квалитетот, континуитетот и севкупното спроведување на здравствените услуги.
Ново на Сител
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
-

Секое петто боледување во МВР е неуредно или неправилно
-

Од септември регионални лиги во ракомет со македонски, српски и црногорски екипи
