Собранието ја почна 29. седница, но не го утврди дневниот ред
Собранието денеска ја почна 29-та седница, но и по речиси двочасовна работа не го утврди дневниот ред и откако беше исцрпена листата на пријавени за збор, пратениците заминаа на едночасовна пауза што ја побара координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
Во текот на утврдувањето на точките за предложениот дневен ред за оваа седница пратениците од опозицијата реагираа дека за многу од предложените закони се злоупотребува европското знаменце, а тие всушност не се усогласуваат со европската регулатива, туку само се крати времето за расправа и поднесување амандмани. Реагираа и на тоа што, како што истакнаа, во собраниска процедура за една материја има по два закони, бидејќи се поднесени нови по скратена постапка, без притоа да бидат повлечени оние кои веќе биле во Собранието по редовна постапка.
Мицески забележа дека претседателот на Собранието се почесто има пракса да свикува седници во рок покус од десет дена од денот на нејзино одржување, иако како што вели, деловникот предвидува тоа да се прави само во услови на итност. Тој истакна дека законите пред да се најдат на пленарна седница треба да се разгледаат во матичните комисии, а тоа рече, со многу од овие закони не е случај и тие не го исполнуваат условот да се најдат на дневен ред.
На ова реплицираше претседателот на Собранието Талат Џафери кој рече дека одржувањето на оваа седница било заеднички договорено.
-Имајќи предвид дека сме на крај на годината ќе беше коректно да кажете дека договоривме седницата да биде свикана и сите точки кои ги исполнуваат условите да бидат ставени на оваа седница, свесни дека нема да може да се разботи по комисиите за точките за кои не може да се работи, за да не мора Собрание да работи за време на празници и од 14 јануари да работат комисиите по овие точки од оваа седница, а на крајот на месецот да се свика нова седница во втората половина од јануари за да се исполнат условите од член 140 став 1, реплицираше Џафери.
Пратеникот Борислав Крмов од Левица побара точката за законското решение за попис, кое во скратена постапка е во собраниска процедура, да биде тргнато од дневен ред поради тоа што, како што рече, во законска процедура веќе има едно законско решение за попис во редовна постапка, кое се уште не е повлечено, но, мнозинството не го поддржа неговиот предлог .
Предлог законот што во скратена постапка е пратен во Собрание, истакна пратеникот Крмов, нема суштински измени и разлики со она решение што веќе е во процедура. Според него, на ваков начин, власта всушност само сака да го скрати времето за дебата и за поднесување амандани и тоа преку злоупотреба на европското знаменце.
Пратениците од опозицијата побараа од дневен ред да се трнат уште неколку закони, но тоа не беше прифатено од мнозинството пратеници.
На оваа 29. седница, како точки на дневен ред, меѓу другите, се предложени Предлог одлука за огласување избор на претседател, потпретседател и членови на Државна изборна комисија и Предлог на закон за ратификација на Технички аранжман меѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за национална одбрана на Грција за заштита на воздушниот простор FIR SKOPJE (LWSS).
Како точна на дневен ред на оваа седница е ставен и Предлог на закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година, по скратена постапка, кој во собраниска процедура е со европско знаменце.
Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска има закажано и три продолженија на веќе почнати седници.
Ново на Сител
-
Новороденче почина на Детската клиника, било донесено од Струмица со сепса добиена при породување
-
Поранешниот министер Никола Димитров објави дека бил нападнат со агресија и закани од човек кој не го познава
-
Грчките власти им забраниле на албанските новинари влез во земјата за да присуствуваат на средбата на Рама во Солун
-
Прв премиерлигашки пораз сезонава за Манчестер Сити, Ливерпул нов лидер
-
Маж со автомобил ја удрил поранешната девојка во Ѓорче Петров
-
Уапсен 54 годишен маж - Ја турнал на земја за да и ја земе чантата
-
Истрага за примање поткуп од градежна инспекторка во Куманово, судот определи триесетдневен притвор
-
Македонската кикбокс сениорска репрезентација замина на ВАКО Европското кикбокс првенство во Атина