Во Хрватска денеска е Ден на жалост за жртвите од земјотресот
Од полноќ, во Хрватска е Ден на жалост во спомен на жртвите од земјотресот што неодамна ја погоди таа држава. На седницата во средата, хрватската Влада го прогласи 2 јануари за Ден на жалост во Хрватска и отвори сметка за помош на жртвите. Досега се собрани околу 4.7 милиони евра, потврдија до Црвениот крст.
Во земјотресот со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала што во вторникот ја погоди областа Петриња, загинаа седум лица, а над 20 беа повредени. Материјалната штета е огромна, а реконструкцијата ќе трае со години. Практично целиот центар на Петриња е уништен, а некои околни села речиси повеќе не постојат, објави Индекс.
Штетите се огромни и во Сисак, каде локалната болница е многу оштетена. Според првични проценки, оштетени се над 2.000 објекти во Сисачко-Мославачката жупанија.
Ново на Сител
-
Нови претреси во Парламентот на ЕУ
-
Приведен измамник, спроведен за издржување на затворска казна
-
Дамјан Марковски од Скопје тргна пеш на поклонение до Манастирот Острог
-
Управниот суд оформи предмет за тужбата од Европскиот фронт на решението на ДИК за прегласувањето во Желино
-
Снаа со нож ја избодела свекрвата - Убиство во Србија
-
Претреси во струмичко, приведени дилери на дрога
-
Норвешка забранува влез во државата за руски туристи
-
ЦУК: Два пожара на отворено, пронајдено неексплодирано убојно средство