-->
-->
Саутемптон го совлада шампионот
-->
Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Дени Ингс постигна спектакуларен гол со лоб удар на стартот на мечот, за Саутемптон да стигне до 1:0 победа над шампионот, само втор пораз на тимот на Јирген Клоп оваа сезона во Премиер лигата, со кој остануваат израмнети на 33 поени со Манчестер јунајтед.Ингс го искористи „отворениот“ простор во одбраната на гостите на „Сент Мерис“ и во втората минута ги донесе во водство домаќините, кое остана до крајот на мечот и покрај теренската иницијатива на Ливерпул, кој имаше над 60 отсто од поседот на топката. Сепак, во 84. минута, Саутемптон за малку ќе го решеше мечот кога по ударот на Валери, Робертсон ја извади топката од гол-линијата.
За Саутемптон ова е прва победа по пет меча, со која се искачуваат на шестото место со 29 поени (колку што имаат од четвртото до седмото – Тотенхем, Манчестер сити, Саутемптон и Евертон), додека Ливерпул се први со 33 поени, колку што имаат и Манчестер јунајтед, а на третото место се Лестер со 32 во неизвесна половина од сезоната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

За викендот дожд, ветер и заладување
-

Цената на нафтата „Брент“ надмина 100 долари
-

Во пратка со рози откриени 100 килограми кокаин на атинскиот аеродром
-

Сончево, попладне услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати - сите се мажи
-

Зверев избори полуфинале на УС опен
-

Трамп вети по 5.000 долари за секој полнолетен Американец доколку Републиканците победат на меѓуизборите
-

Научници: Август беше најжешкиот месец во светот досега
