Македонија
16. January 2021 - 16:32

Стружани 8 дена не добиваат чиста вода за пиење

Водата во Струга забранета за пиење. Осум дена од чешмите тече загадена вода проблем кој се провлекува години нананазад, во одредени периоди имаат недостиг од вода, на моменти е со сомнителен квалитет и мирис а сега поради обилните врнежи од дожд кои изминативе денови го зафатија Струшкиот регион водата е матна.

Стружани на социјалните мрежи реагираат и се жалат дека проблемите со водата за пиење повеќе не се издржуваат, а револтот пред еден месец го изразија преку мирен протест.

„Како не ви е срам водата од водоводот во Струга веќе 8 ми ден е загадена! Време е некој да поднесе одговорност.

Водата ни е забранета за пиење но и за хигиенски потреби. Дефинитивно ја претеравте!“, пишуваат граѓаните на социјалните мрежи.

Од јавното претпријатие Водовод и канализација велат дека е една од причините за ваквата состојба е лошата хидролошка состојба но и изградените мали  хидроцентрали кај изворите кај Горна Белица.

Од Центарот за јавно здравје, потврдија дека водата во струшко сеуште е бактериолошки неисправна според последните микробиолошки испитувања и забранета за употреба.