Митрополит г. Петар: До Третиот век Божик и Богојавление се празнувале во ист ден
До Третиот век, Божик и Богојавление се празнувале во ист ден на Водици, затоа што се сметало дека денот на кој Христос се родил е денот кога Бог се јавил, односно Богојавление. Подоцна празникот на Христовото раѓање и на Христовото крштевање се издвоени.
Заради актуелните проблеми со коронависрусот, Водици за прв пат како вековна традиција не се одржува со чинот на полагање на Светиот крст, нема групирања ниту масовни собири како што имаше во минатите години, истакна митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар.
-Мора да водиме сметка и грижа за здравјето на сите и затоа годинава на Водици не се врши полагање на Светиот крст во реки, базени или езерски води во нашата епархија. Но, не отстапуваме од традицијата и затоа во храмовите извршивме осветување на Богојавленската вода, верниците може да земаат од таа вода и да ја однесат во своите домови, порача митрополитот г. Петар по завршувањето на богослужбата Златоустова Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола.
Ново на Сител
-
РСБСП: Внимателно и одговорно возење за време на празниците
-
Приведен крадец од Струмица, одземеното вратено на сопственикот
-
Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина
-
Приведен грчки државјанин поради давање поткуп
-
Имигрант од Лаос кој се лекува од рак доби џекпот од 1,3 милијарди долари
-
Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот