Заев 87.813 денари, Спасовски 85.113 - Објавени платите на премиерот и министрите за декември
Владата на својата официјална веб-страница објави список со платите на премиерот, вицепремиерите и министрите за месец декември.
„Како дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност, на оваа страница можете да ги проверите висините на платите на Претседателот на Владата, Замениците на Претседателот на Владата и на министрите во Владата. Висината на платата на министрите е јавен податок“, наведуваат од Владата.
Највисока нето плата зема премиерот Зоран Заев. Таа вкупно изнесува 87 813 денари, од кои 8 973 се за минат труд. Премиерот е и меѓу првите пет со највисок стаж од 22 години.
Втор на списокот е министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со вкупна нето плата од 85 113 за кого се нагласува дека има покачување на платата од20%. Спасовски има работен стаж од 18 години.
Трета, според висината е министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, со 74 273 денари нето плата од кои 9 303 се за минат труд. Шахпаска е и министерката која зад себе има најдолг работен стаж од 28 години.
Министерките за одбрана и култура, Радмила Шекеринска и Ирена Стефоска, според висината на платата, се следни. Шекеринска зема 72 989 денари, а Стефоска 72 670. Тие се на врвот на листата и според стажот, министерката за одбрана има 24 години, а министерката за култура 23.
Следни на листата се вицепремиерите за европски и економски прашања, Никола Димитров и Фатмир Битиќи, кои земаат идентична плата од 71 385 денари, а имаат и исти години на стаж – 19.
Првиот вицепремиер Артан Груби, пак, зема плата од 70 102 денари, а зад себе има 15 години работен стаж.
Останатите плати се движат од 68 до 70 000 денари.
Единствено под таа граница се двајцата министри за животна средина и за информатичко општество и администрација, Насер Нуредини и Јетон Шаќири, кои земаат најниски плати од 65 612 односно 65 292 денари. Кај министерот Шаќири, во графата не е наведено дека има работен стаж.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија