Серија А: Победи на Јуве и Џенова
Фудбалерите на Јувентус не се откажуваат од Скудетото и одбраната на шампионскиот трофеј ја продолжија со победа од 2-0 против Болоња со што се искачија на 4.место на табелата.
Бразилецот Артуро го постигна својот дебитантски погодок за Старата дама и го отвори резултатот во 15-тата минута додека победата ја потврди Вестон Мекени кон средината на вториот дел.
Со овие три бода Јувентус скокна на 4. Позиција со 7 бодови помалку од Милан кој има натпревар повеќе.
Значајна победа попладнево оствари тимот на Џенова на нашиот капитен Горан Пандев совладувајќи го Каљари минимално со 1-0.
Единствениот погодок за домашните го постигна Дестро уште во 10-тата минута по што стрелцот на голот беше заменет во 62. Минута а на неговото место влезе токму Пандев.
Џенова сега има 18 бода и е четири поени над опасната зона.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар