-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Заев ветуваше 5% раст на економијата, а две години не може да мрднеме над 2.5%
-->
Зоран Заев ветуваше раст на економијата од 5%, а 2 години не можеме да мрднеме над 2.5%. Нема инвестиции, нема отворање на нови работни места. Само минатата година без работа останале 55.000 лица, ако беа успешни мерките на Заев од таканаречените антикризни пакети, сега ќе немавме толкава бројка од луѓе на улица.
Заев се фали со измислени бројки, кои само тој ги разбира, и во кои само тој верува. Реалноста е дека Македонија тоне. 1.5 милијарди евра нов долг за една година. Буџетскиот дефицит само во месец декември изнесува 225 милиони евра, што е повеќе од буџетскиот дефицит во целата 2019 година, кој што изнесуваше 222 милиони евра.
Мерките на Заев ја носат Македонија кон дното.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гола статуа на Доналд Трамп поставена кај Лас Вегас
-
Рама по инцидентот: Политиката има моќ да сее но и да истребува
-
Албанската опозиција запали столчиња пред парламентот
-
Утрово измерени -2 степени во Берово и Лазарополе, во Гевгелија 12
-
Влада: Уште едно ветување станува реалност - покачени пензии
-
Бројот на загинати од „Хелена“ се искачи на над 130, милиони без струја
-
Зеленски: Ситуацијата на украинскиот фронт е „многу предизвикувачка“
-
Сто дена Влада - Мицкоски ќе ја презентира досегашната работа