Царовска: Сексуално образование во второ одделение е лажна вест, да се следат официјалните информации
Дебатата која на социјалните мрежи се води за воведување сексулано образование во второ одделение е лажна вест, за сите реформи и за новиот концпет на образование постои отворен канал, рече министерката за образование и наука Мила Царовска, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се воведе овој предмет во второ одделение.
-Многу интересно е што дебатите ги водат луѓе коишто во континуитет во нашата држава шират лажни вести. Токму затоа ги поттикнувам граѓаните да ги следат официјалните канали на Владата и на Министерството, и да донесуваат одлуки. Ако се сеќавате истите тие кажуваа дека во источниот регион ќе се населат 120 000 мигранти, се сеќавате како пропадна таа лажна вест, па после тоа имаше нешто со 5Џи врапчињата итн, па следната лажна вест беше дека се укинува историја, па следната лажна вест беше дека се укинува македонски јазик. Истите тие луѓе денес зборуваат дека ќе имаме сексуално образование во второ одделение, користејќи снимки, слики од сосема други држави, коишто се во регионот и пред неколку години направиле такво воведување, а во нашата држава тоа не е вистина, рече Царовска која денеска беше во Штип на дебата за реформи во средното стручно образование.
Министерката апелираше граѓаните да не подлегнуваат на провокации, како што рече – ниту на опозиција, ниту на организации што шират лажни вести. Таа испратила и официјален демант до организацијата која ја проширила лажната вест.
Ново на Сител
-
Демонстрантите во Нови Сад - 48 часа пред Градското собрание за да им се исполнат барањата
-
Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Јоав Галант
-
Почна протест во Нови Сад, развиен транспарент - Виновни сте, ќе одговарате
-
Блокадата на пристапот кон депонијата кај Кочани продолжува, дел од барањата се исполнуваат
-
Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи, поднесени во кумановската полиција
-
СЗО: Голема медицинска евакуација од Газа е планирана неделава
-
СВР Велес со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени кај Рибарци
-
„Гледам момче бледо како крпа, ги нема нозете а нема крв“, потресна исповед на таксист кој помагал на повредените во несреќата во Нови Сад