Лазов: Бизнисот на Филипче за стерилизација приоритет, набавка на вакцини може да почека

Власта освен во лажењето за вакцините против корона, контиунитет има и во сомнителни тендери. Или тендери за кои самите тие одлучуваат и ги интересира само личната добивка, во конкретниов случај оној за еден вид на приватизација на стерилизацијата. А станува збор за многу специфична област, за која во иднина ќе се грижи приватна фирма која ќе треба да набавува хируршки инструменти, облека за лицата кои влегуваат во операциска сала, дезинфекција на салите, до грижа за медицинскиот отпад и слично.
Кон средината на јануари со допис беа известени здравствените установи дека „се исполнети сите договорни услови за приватниот партнер да започне со давање на интегрираните услуги за стерилизација“. Во прилог им беше доставен готов договор кој треба да го потпишат надлежните, корисниците на овие услуги. Станува збор за 31 здравствена установа од целата држава.
Но, од почетокот на постапката во 2019 година кога ВМРО-ДПМНЕ побара одговори од министерството за здравство ништо не се случи, освен зделки кои очигледно одговараат на сметките на Филипче и Заев.
Иако Филипче велеше дека презема чекори за унапредување на јавното здравство, освен физибилити студии, тендери или сомнителна приватизација на јавното здравство, не видовме ништо.
Многу е едноставно, власта и министерството за здравство имаат обврска да дадат одговори во јавноста затоа што се работи за народни пари.
Прво, зошто формираните цени се четири пати повисоки од оние до сега?
Второ, дали е доволно приватниот партнер да доставува банкарска гаранција од само 5% од вредност на договор, како што стои во понудениот договор до здравствените установи.
Трето, зошто анексите на договорот се однесуваат главно на начинот и условите на плаќање.
Очигледно е за Заев и Филипче се се врти само околу парите!
Очигледно е тие не се заинтересирани за здравјето на граѓаните, ниту во период на пандемија со корона.
Вакцини нема, иако во другите држави вакцинацијата е почната од декември 2020 година, а кај нас нема ниту една вакцина.
Во текот на вчерашниот ден стигнаа првите илјада дози од Спутник во Босна и Херцеговина, а во Албанија првите 1.170 дози од Фајзер. Со ова вакцини нема само Македонија и Косово.
Набавката на вакцини не им оди, ама затоа се експерти за тендери и распродажба на јавното здравство!
За ваквите постапки мора да има одговорност.
Д-р Кирил Лазов
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Ѓаволот ја платил казната од 8 илјади евра, Фехми Стафа барал условен отпуст, велат од Кривичен
-

Мицкоски за изнајмувањето на „Македониум“: Уште денеска ќе побарам разрешување на директорот и на Управниот одбор
-

12 илегални мигранти откриени во еден ден од страна на Царинарница Скопје
-

Две и пол години казна затвор за вработената во МВР што фалсификувала возачки дозволи - Година и три месеци за двајца од возачите
-

Во Скопје изречени казни од над 80.000 евра за несовесно одлагање отпад
-

Грејната сезона почнува на 15 октомври
-

„Директорите треба да внимаваат за што изнајмуваат објекти“ - Сулејмани за снимањето на „Секси мама“ во Македониум
-

Димитриески: Функциите за нас не се најважни - Важна е работата што треба да се заврши
