Нехамер: Австрија ги заострува граничните контроли кон сите соседи
Австрија од денеска ги заострува граничните контроли кон сите свои соседи, соопшти Министерството за внатрешни работи, а министерот за внатрешни работи, Карл Нехамер, за оваа тема вчера попладне разговарал со неговиот германски колега, Хорст Зехофер, по што ќе разговара и со министрите на другите соседни земји.
Патувањата треба да се намалат на апсолутен минимум, се наведува во изјавата на Нехамер.
“Постојат само неколку исклучоци, кога патувањата навистина се потребни. Сега ќе ги засилиме контролите на границата и со тоа ќе го зголемиме притисокот со цел да се придржуваме до мерките, рече тој.
Контролите на границите, според него, се инструмент за запирање на новиот бран на инфекцијата, што е особено опасен сега поради новите видови на коронаворусот.
Додека на границите со Унгарија и Словенија, постојани гранични контроли има уште од мигрантската криза во 2015 година, а веќе еден месец и на границите со Чешка и Словачка, досега контролата на границата со Германија, Италија и Швајцарија беше само по случаен избор.
Ова, како што се наведе, сега ќе се интензивира.
Според Министерството, единиците на австриската полиција ќе извршуваат контроли во соработка со колегите од соседството.
Австриската Влада штотуку ги усвои мерките за заострен режим на влез во земјата. Според нив, а кои ќе стапат на сила од среда, секој што влегува во Австрија мора да има негативен тест за антиген или ПЦР тест, а задолжителен е карантин од десет дена. Овој карантин може да се прекине, по пет дена изолација, со негативен тест. Пред да влезе во земјата, патникот, исто така, треба да изврши регистрација преку Интернет.
Ново на Сител
-

ИЕА очекува пад на производството на нафта во 2026 година на околу 102,2 милиони барели дневно
-

Полицаец во обид да избегне лисица паднал со службен мотор на Водно
-

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција
-

АХВ: Не сме дале изјава дека вчера заловеното животно во Козле е куче, а не волк
-

Паника и недостиг од излези во „Пулс“, стои во пишаните сведоштва на две девојки, одбраната побара да не се прифатат овие докази
-

Јаневска по случајот со повредениот ученик: Неопходна е секторска соработка, но и родителите да посветат внимание на своите деца
-

ВМРО-ДПМНЕ е промакедонска партија, тоа што СДСМ одамна го изгуби својот идентитет е нивен проблем со кој брзо ќе се соочат на избори, вели Мицкоски
-

Љупчо Николовски повикан во полициска станица, тврди дека случајот е политички монтиран
