Вучиќ: Утре пристигнаат 500.000 дози на „Синофарм“, до крајот на месецот – два милиони вакцини
Утре во Србија ќе пристигнат уште 500.000 дози од кинеската вакцина „Синофарм“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Србија обезбеди два милиони дози до крајот на февруари, нагласи Вучиќ по видео самитот организиран од Кина и 17 земји. Тој исто така кажа дека кинескиот претседател потврдил дека ќе дојде во посета на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
-50.000 вакцини „Спутник V“ пристигнаа утрово за првата доза, а во следните 15 дена ќе добиеме уште 50.000 за втората доза од таа вакцина. Обезбедивме до 5 и 22 февруари во нашата земја да пристигнат уште 88.000 вакцинии на „Фајзер“, 42.000 плус 46.000. Потпишавме договор и сосема е сигурно дека вакцината „АстраЗенека“ да ја добиеме до 20 февруари, меѓу 125 и 150 илјади дози, кажа претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Тој му се заблагодари на претседателот на Русија Владимир Путин, „особено на кинескиот претседател Си Џинпинг“ кој даде „огромна поддршка“, но и на „пријателите од Велика Британија и Индија“ да дојде до вакцината „АстраЗенека“ според билатералните договори, и дека „таа не е дел од вакцините кои ќе ја добие Србија преку програмата Ковакс и преку други програми за соработка, преку ЕУ “.
Вучиќ изјави дека Србија се уште не добила ниту една вакцина од програмата Ковакс.
-Ќе имаме еден милион вакцинирани и ревакцинирани, Србија обезбеди два милиони дози до крајот на февруари, посочи тој.
Одиме на натамошна масовна вакцинација, со цел да ги спасиме животите на луѓето, додаде Вучиќ.
Ново на Сител
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
-

Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира, огнената линија се протега на 20 километри
-

НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
-

Трамп ја нарече Ормуската Теснина - нова територија на САД
-

Голем кибер напад во Летонија, украдени податоци од 1,2 милиони луѓе
-

Убедлив триумф на Вардар против грчки Олимпијакос
-

Украина учествуваше во вежбите на НАТО против дронови во Летонија
-

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
