Бочварски – Макрадули: Пошта воведува нови конкурентски услуги на пазарот

Подобрувањето на технолошкиот процес, нова ценовна политика и поволни услови за корисиниците на поштенските услуги, се дел од темите на кои разговарале на денешната средба министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и генералниот директор на АД Пошти на Македонија, Јани Макрадули.
Од Министерсвото за транспорт и врски информираат дека на средбата се разговарало за активности во работњето на АД Пошти на Македонија, како и за новите услуги што претпријатието ги воведува. На средбата, како што посочуваат, посебно е истакната воведување на платформата е-трговија, алатка на која ќе се темели идното работење на АД Пошти на Македонија.
– Особено се потенцира дека во перидот што следи, фокус на работењето ќе биде подобурвање на технолошкиот процес, нова ценовна политика и поволни услови за корисиниците на поштенските услуги. Генералниот директор Јани Макрадули, истака дека подобрувањето на работењето се прави користејќи нови современи дигитални алатки, соработка со Поштите од регионот, намалување на непродуктивноста и соодветна прераспределба на тековно расположивиот човечки кадар, се наведува во соопштението на Министерството.
Министерот Бочварски изразил целосна поддршка во имплементација на новите услуги.
– Денешната средба со директорот беше значајна бидејќи разговаравме за новите предизвици што следат на пазарот на поштенски услуги. Многу е важно Пошта да понуди нови конкурентски услуги на пазарот. Ја изразив мојата целосна подготвеност да дадеме поддршка за сите процеси и услуги што ќе ги воведува во следниот период, истакнал Бочварски.
Ново на Сител
-

24-годишник со „ауди“ возел со 212 км на час на автопатот Скопје-Штип
-

Владата работи со сите стекхолдери за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски
-

,,Комуналец" Кавадарци: Водата од градскиот водовод Лукар е исправна и може да се употребува за пиење
-

Нова акција за пошумување на „Патриотско друштво“, засадени 1100 садници во Кучково
-

Мицкоски: Имаме стабилни количини на гориво, обезбедивме од ОКТА попуст на горивата за дополнителен период од еден месец
-

Иран: Нема подготвеност за отворање на Ормуската Теснина без траен прекин на огнот
-

Мицкоски: На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ пуштени во употреба шест комплетно реновирани операциони сали
-

Орбан: Ситуацијата е сериозна, снабдувањето со гас на Унгарија засега не е загрозено, но треба внимателност
