Се менуваат старите водомери во домаќинствата во Неготино

Покрај неколкуте проекти со кои се подобрува водоснабдувањето во општина Неготино, се заменуваат и старите водомери во домаќинствата со нови автоматизирани, а истовремено се инсталираат таму каде што воопшто ги нема и се откриваат дивоприклучените во водоснабдителниот систем, информира градоначалникот Ванчо Апостолов.
- Со единствена цел за мерење на реалната потрошувачка на водата за пиење, работници на ЈП „Комуналец“ се присутни на терен и се ангажирани околу замена на старите со нови автоматизирани водомери. Приоритет е даден на семејствата кои живеат во колективни згради и кај корисниците кои досега плаќале паушално, изјави денеска градоначалнико Апостолов.
Тој посочи дека водомери се поставуваат и во селата Пепелиште и Тремник, паралелно се преземаат активности за откривање на дивоприклучени семејства на водоводниот систем кои трошат вода, а не добиваат сметки за тоа.
- Ја следиме и ја применуваме најосновната пазарна логика дека секој што троши нешто, за тоа треба и да плати, како што впрочем тоа го прават и грото од нивните сограѓани, додава Апостолов.
Тој потсети на проектот „Хидраулично регулирање на притисокот на водата за пиење“ кој веднаш по неговата имплементација, како што вели, ги даде очекуваните резултати бидејќи се намалени загубите на водата за пиење. Ги нагласи и проектите за замена на старите цевки од водоводниот систем со нови и изградба на два резервоара за вода со кои во иднина исто така ќе се подобрува водоснабдувањето во Неготино.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
